Услови за користење

Услуга

Мој Настан нуди изработка на дигитални покани и управување со гости преку RSVP систем, интерактивни мапи и Live Gallery. Нашите услуги се наменети за организатори на настани кои сакаат да создадат уникатно дигитално искуство.

Рокови

Изработката на поканата се врши во рок од 24-72 часа по добивање на сите потребни информации од клиентот, вклучително фотографии, текст и детали за настанот. Во случај на дополнителни измени, роковите можат да се продолжат.

Времетраење

Поканата останува активна 6 месеци по датумот на настанот. За Бизнис пакетот, времетраењето е неограничено. По истекот на овој период, поканата може да се обнови со дополнителна надомест.

Одговорност

Корисникот е одговорен за содржината и фотографиите кои ги прикачува. Ние не превземаме одговорност за неовластено користење на фотографии или содржина која може да ги повреди правата на трети лица. Клиентот гарантира дека има сите потребни дозволи за користење на материјалите.

Плаќање

Плаќањето се врши преку банкарски трансфер или електронски платежни системи. Цените се наведени на нашата веб-страница и се финални.

Политика за рефундирање: Во случај на откажување пред изработка, се враќа 100% од уплатата. По започнување на изработката, рефундирањето е 50%. По комплетирање на поканата, нема рефундирање.

Контакт

За било какви прашања или измени, контактирајте нè на contact@mojnastan.mk.